Повеќе од 1.000 семејства кои живеат во станови за кои немаат документ за сопственост ќе добијат понуда да ги откупат по цени пониски од пазарните, а 120 семејства кои становите морале да ги отстапат на други поради денационализација, без надомест ќе добијат нови. Овие две одлуки ги донела Владата на последната седница, одговарајќи на барањата на овие граѓани. За становите попознати како општествени, според владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, ќе се направи нова методологија за проценка и на семејствата кои живеат во нив ќе им се понуди да ги купат по цени за 15% до 30% пониски од пазарните. Со сегашната методологија проценетата вредност на овие станови е еднаква на пазарната. Процентот на намалување на цената на квадратниот метар ќе варира во зависност од тоа во кој град е станот, во кој дел од градот е, колку време е користен, колку средства вложил корисникот во неговото инвестициско одржување и колку е стара зградата во која се наоѓа.
Повеќе од 1.000 семејства кои живеат во станови за кои немаат документ за сопственост ќе добијат понуда да ги откупат по цени пониски од пазарните, а 120 семејства кои становите морале да ги отстапат на други поради денационализација, без надомест ќе добијат нови.
Овие две одлуки ги донела Владата на последната седница, одговарајќи на барањата на овие граѓани.
За становите попознати како општествени, според владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, ќе се направи нова методологија за проценка и на семејствата кои живеат во нив ќе им се понуди да ги купат по цени за 15% до 30% пониски од пазарните. Со сегашната методологија проценетата вредност на овие станови е еднаква на пазарната. Процентот на намалување на цената на квадратниот метар ќе варира во зависност од тоа во кој град е станот, во кој дел од градот е, колку време е користен, колку средства вложил корисникот во неговото инвестициско одржување и колку е стара зградата во која се наоѓа. На граѓаните кои нема да бидат во можност да ја платат и таа намалена цена, ќе им се понуди варијантата закуп, при што закупнината исто така ќе биде пониска од пазарната.
Ќе им се излезе во пресрет и на лицата кои останале без станови, зашто морале да им ги отстапат на други поради денационализација. Тие бесплатно ќе добијат други станови со соодветна квадратура, или од тие со кои располага државата или ќе им се изградат нови, што според Георгиев е поверојатна опција. Ако се оди на изградба на нови станови, таа ќе почне во првиот квартал на наредната година. Засега има 120 лица на кои треба да им се обезбеди стан, но во процесот на денационализација, понатаму бројката може да се зголемува. Владата планира изградбата на нови станови за нив да чини 1,5 милиони евра.
- Овие две мерки претставуваат излегување во пресрет на барањата на корисниците на становите, директно добиени од граѓаните. Ова е резултат на квалитетната социјална политика и обрнување сериозно внимание на задоволување на интересите на граѓаните - истакна Ѓорѓиев.